За проектот

Министерството за дигитална трансформација (МДТ), со финансиска поддршка на Европската Унија, го спроведува проектот со наслов:

„Услогласување на дигиталната и медиумската правна рамка на ЕУ и унапредување на вештините за дигитална трансформација“

Главната цел на проектот е да ги поддржи институциите во создавање дигитална и медиумска средина што ги штити човековите права, поттикнува креативност, поддржува иновации и ја зацврстува демократијата за идните генерации.

Проектот се спроведува во периодот од ноември 2025 г. до јули 2027 година.

Проектот го управува Делегацијата на Европската Унија, за директниот корисник МДТ, а го спроведува конзорциум предводен од Стантек (STANTEC), Белгија, во којшто членуваат три организации од Северна Македонија:

– Соутх-Еаст Еуропе Експертисе (С3Е), Скопје,
– Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Скопје и
– Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при УКИМ, Скопје

Цели на проектот


Со цел усогласување со дигиталната и медиумската правна рамка на ЕУ, проектот е поделен во три главни компоненти

Усогласување на домашното законодавство со правната рамка на ЕУ во областа на ИКТ 

Се транспонираат девет (9) правни акти од дигиталната агенда на ЕУ поделени во четири (4) области:

Внатрешен пазар
– Акт за дигитални услуги (Digital Services Act)
– Акт за дигитални пазари (Digital Markets Act)

Отворени податоци и слободен проток на податоци
– Регулатива за слободен проток на неперсонални податоци (Regulation on the free flow of non-personal data)
– Акт за управување со податоци (Data Governance Act)

ИКТ и вештачка интелигенција
– Акт за интероперабилна Европа (Interoperable Europe Act)
– Директива за определени аспекти во врска со договорите за испорака на дигитална содржина и дигитални услуги  (Directive (EU) 2019/770)
– Акт за вештачка интелигенција (Artificial Intelligence Act)

Сајбер безбедност
– Акт за сајбер безбедност (EU Cybersecurity Act)
– Акт за сајбер отпорност (Cyber Resilience Act)

Продолжување на реформите во медиумскиот сектор

Проектот поддржува:

– Подготовка на Стратегијата за развојот на медиумскиот сектор и Акцискиот план за нејзина примена

– Транспонирање во домашното законодавство на Европскиот акт за слобода на медиумите (European Media Freedom Act)

Процесот го води Министерството за дигитална трансформација во партнерство со Македонскиот институт за медиуми, како дел од конзорциумот што го спроведува целокупниот проект.

Зајакнување на капацитетите на Министерството за дигитална трансформација за водење на дигиталната трансформација

Во оваа компонента, проектот изработува:

− Патоказ за дигитализација на јавните институции,

− Програма за обука со цел да ги зајакне капацитетите на МДТ и на релевантните органи на државната управа

− Платформа за онлјан-учење за јавните службеници, со цел да ги унапредат своите дигитални вештини.

Реализацијата на оваа компонента е во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), како дел од конзорциумот што го спроведува целокупниот проект. 

Новости


Прв состанок на работната група за транспонирање на актите за сајбер безбедност

На 2 февруари 2026 година се одржа првиот состанок на работната група за транспонирање на правните акти од областа на сајбер безбедноста, во која членуваат Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за дигитална трансформација и Центарот за управување со кризи.

Во тек е изработка на гап-анализи и проценка за влијанието врз домашната регулатива на актите за сајбер безбедност и сајбер отпорност на Европската Унија.